Ќерката на Тимошенко бара операција на мајката во странство

Euhenia Timoshenko

Евгенија Тимошенко, ќерката на поранешната украинскиа премиерка Јулија Тимошенко,која се наоѓа во затвор, побара пристап до медицински третман во странство за нејзината мајка. Во изјава за украинскиот сервис на радио Слободна Европа, Тимошенко вели дека на нејзината мајка и треба итна операција и оти таква интервенција може да се спроведе само од страна на независни доктори надвор од Украина. На неколку дена пред втората годишнина откако мајка и е во затвор, таа изјави дека правото на таков пристап е "целосно во согласност со украинските закони." Тимошенко се наоѓа на издржување седумгодишна затворска казна под обвинение за злоупотреба на службената должност, иако таа и западните влади тврдат дека случајот е политички мотивиран. Во јуни, група на германски лекари ја испитуваа Тимошенко на клиника во источниот украински град Харков каде што беше однесена поради болки во грбот.