Четворица полицајци убиени во Пакистан

Пакистанските власти информираат дека непознати напаѓачи убиле најмалку четири полицајци во јужниот пристанишен град Карачи. Официјалниот претставник на полицијата Тахир Навид изјави дека убиените полицајци биле на должност преку ноќ во источните области на Фаисал. Телата биле пронајдени во внатрешноста на нивното возило кое било погодено од куршумите. Комисијата за човекови права на Пакистан соопшти дека најмалку 100 полицајци се убиени во Карачи од почетокот на годината. Овој град од 20 милиони луѓе се соочува со почести конфликти кои не ретко се претвораат во насилни. Покрај тоа, различни исламистички милитантни групи градот го користат како скривалиште. Тие често предизвикуваат напади во градот и се вклучени во криминал со цел да соберат средства.