Барнс на разговори во Каиро

Американскиот заменик државен секретар Вилијам Барнс денеска е во Каиро за да се сретне со привремените лидери на Египет - вклучувајќи го и министерот за надворешни работи, Набил Фами. Се очекува Барнс да се сретне и со исламистите во Муслиманското братство. До разговорите доаѓа откако египетските власти се закануваат дека ќе ги разбијат двата кампа каде што се сместени поддржувачите на соборениот претседател Мухамед Морси од јуни. Барнс е последниот меѓународен претставник кој се обидува да ги притисне поддржувачите на Морси и на привремената Влада да ги решат недоразбирањата на мирен начин. Полицијата во Каиро вчера фрлаше солзавец кон подржувачите на Морси. Судирите следеа откако демонстрантите започнаа марш, спротивно на полициските предупредувања за напуштање на протестниот камп на плоштадот Раба ал Адавија.