Маршови и протести во Египет за подршка на Морси

дел од демонстрантите маршираат со маски на првиот демократски избран шеф на државата

Поидржувачите на отстранетиот египетски претседател Мухамед Морси маршираат во Каиро, непочитувајки ги предупредувањата на полицијата за прекин на протестите. Маршовите треба да завршат на плоштадот Раба ал Адавија каде демонстрантите имаат поставено шатори. Протестите се организираат додека властите во Египет го чекаат пристигнувањето на американскиот заменик-државен секретар Вилјам Бурнс, кој утре треба да се сретне со в.д. министерот за надворешни работи.