Државни службеници штрајкуваат во Грција

Грчки државни службеници се собраа пред влезот на Акропол, во знак на протест поради владините планови во текот на овој месец да бидат укинати 500 работни места во Министерството за култура на Грција. Демонстраните само протестираа пред влезот на Акропол, но не ги попречуваа посетителите да влезат во овој историски комплекс во Атина. Паралелно со ова, друга група државни службеници одржаа протестен марш низ центарот на главниот град. Во знак на протест денеска не работеа повеќе музеи ширум Грција, меѓу кои и популарниот Археолошки музеј на островот Санторини.