САД наскоро ќе прекине со напади на беспилотни летала во Пакистан

Американскиот државен секретар Џон Кери најави дека нападите со беспилотни летала против милитанти во Пакистан наскоро ќе завршат. Во телевизиско интервју Кери додаде дека програмата за напади со беспилотни летала на Вашингтон наскорто ќе се укине бидејки голем дел од заканите се елиминирани. Забелешките на државниот секретар следат по неговата изјава во Исламбад дека Пакистан и САД работат на отстранување на иритантрите во билатералните односи меѓу двете земји.