Сељами - Дачиќ има право да гласа на Косово

Ивица Дациќ

Косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Сељими за „Данас“ изјави дека српскиот премиер Ивица Дачиќ, како граѓанин на Косово, според место на раѓање, ќе може да гласа во Призрен, доколку се наоѓа во избирачкиот список. Имено Премиерот Дачиќ неодамна изјави дека сака да гласа на локалните избори на Косово, закажани за 3 ноември, повикувајќи ги сите кои имаат право на глас да го искористат и нагласувајќи дека Србите ќе можат да гласаат со српски документи и надвор од територијата на Косово. Сељими додаде дека локалните избори на Косово можат да бидат „клучен момент во стабилизацијата на односите на Балканот“