Обама номинира жена за шеф на воздушните сили

Американскиот претседател Барак Обама ја номинираше поранешната заменик секретарка за одбрана за Секретар на Воздушните сили на САД. Дебора Ли Џонс е предлогот на Белата Куќа на местото на Мајкл Донли, кој се пензионира. Ако нејзината номинација биде потврдена, таа ќе биде една од неколкуте жени која како цивил ќе командува со еден дел од американските воени сили.
Нејзината номинација доаѓа во време кога војската се соочува со скандали за сексуални напади, со барања за намалување на трошоците и повлекување на силите од Авганистан.