Прослава за Илинден и АСНОМ

Во Македонија денеска се одбележуваат 110 години од Илинденското востание и 69 години од првото заседание на АСНОМ. Делегација на Собранието на Република Македонија ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев и пред споменикот на хероите на Слива. На Мечкин камен каде ќе присуствува премиерот Никола Груевски ќе биде пречекана коњаницата од Лисиче и од манастирот „Св. Јован Бигорски“ , а Танец ќе биде задолжен за културно уметничката програма. Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе се обрати во Меморијалниот центар Пелинце. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ, пред споменикот на Никола и пред споменикот на Методија Андонов Ченто.