Во Албанија стапи на сила законот за двојно државјанство

Во Албанија од денеска стапува во сила законот за двојно државјанство и со тој акт „почнува албанизација на регионот“, објави приштинскиот весник „Зери“, но наведува дека тоа не им е овозможено на косовските Албанци. Поранешниот премиер Сали Бериша пред неколку месеци иницираше албанско државјанство да им се овозможи на сите Албанци во регионот и на граѓаните кои живеат во Косово, но неколку недели подоцна косовските Албанци беа отстранети од „списокот“ на оние кои можат да добијат албанско државјанство. Образложението за тоа беше почеток на процес за визна либерализација за граѓаните на Косово.