„ЈАТ“ потпиша со „Етихад“ - ќе се формира „Ер Србија“

Националната авиокомпанија на Обединетите Арапски Емирати „Етихад“ денеска потпиша Договор за стратешко партнерство со српската авиокомпанија ЈАТ. „Етхад“ купи 49 проценти од ЈАТ, а државата задржа 51 отсто од акциите. Српската авиокомпанија и ќе го смени името во „Ер Србија“. Според договорот, „Ер Србија“ до крајот на годината ќе добие 10 нови авиони „Ербас“ и ќе отвори работни места за 50 пилоти. Државата ги презема долговите на ЈАТ, кои достигнаа 170 милиони евра.