Јапонски министер ја фали нацистичка Германија

Јапонскиот министер за финансии Таро Асо

Јапонскиот министер за финансии Таро Асо ја повлече неговата изјава дадена деновиве дека Јапонија би требало да го следи нацистичкиот пример и тајно да го смени уставот, пред другите да го сфатат тоа. Станува збор за промена со која на јапонската војска ќе и се дадат поголеми овластувања. Оваа изјава на Асо кој е и вицепремиер предизвика бран критики дома, но и во Јужна Кореа каде што се оценува дека Јапонија не ја научила лекцијата од нејзиното милитаристичко минато.