Палестинско знаме во израелскиот Кнесет

Палестинското знаме било подигнато во израелскиот Кнесет за време на посетата на палестинска делегација предводена од Мухамад ал Мадани, член на Фатах, партија на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Оваа посета е дел од поддршката на израелско палестинските мировни преговори кои беа обновени во почеткот на неделава во Вашингтон. Станува збор за прва палестинска делегација која го посетува Кнесетот.