Џон Кери на разговори во Исламабад

Наваз Шариф и Џон Кери во Исламабад

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Исламабад се сретна со новиот пакистански премиер Наваз Шариф. Тоа е прва посета на Кери на Пакистан од изборите во таа земја во мај годинава. Односите меѓу двете земји често пати се затегнати, особено околу ситуацијата во Авганистан. Вашингтон се надева дека Исламбад може да одигра позитивна улога во помирувачкиот процес меѓу талибанците и авганистанската влада.