Казахстан - банкарот Аблазов приведен во Франција

Мукхтaр Аблазов

Адвокатот на банкарот Мукхтaр Аблазов кој беше во бегство, објави дека неговиот клиент бил приведен во јужна Франција.Тој бил приведен од специјалните сили на Франција во една куќа на осум километри од Кан. Адвокатот кажа дека имало барање за екстрадиција на банкарот, но не е јасно дали тоа било упатено од Русија,Украина или од Казахстан. Аблазов кој е поранешен банкар и опозициска фигура, побегна од Казахстан во 2009 и побара политички азил во Британија во 2011. Тој се соочува со обвиненија за финансиски малверзации во Казахстан.