Можни промени на американските програми за надзор

Американските разузнавачи му соопштија на Конгресот дека домашните програми за надзор на комуникации се со тесен опсег и не го прекршуваат уставното право на приватност на жителите на Соединетите американски држави. Тие додаваат дека можно е реструктурирање на програмите во согласност со забелешките од јавноста. Роберт Лит од Канцеларијата за национално разузнавање рече дека постои подготвеност за ре-евалуирање на програмите со цел да се заштити приватноста и да се заштити националната безбедност.