Вучиќ: Предвремени избори не се најдоброто решение за Србија

Лидерот на Српската напредна партија (СНС), вицепремиерот Александар Вучиќ изјави дека побарал од Претседателството на неговата партија да не размислува за предвремени избори. Тој рече дека СНС ќе ја продолжи владината коалиција со Социјалистичката партија на Србија и дека нема да има предвремени избори. „Тие едногласно го прифатија моето барање. Избори не се најдоброто решение за Србија. Пред нас се наоѓаат голем број важни договори и стабилноста е значајна. Најголемиот проблем, кој веројатно е нерешлив, е атмосферата во која работи Владата“ изјави Вучиќ по седницата со раководството на СНС.