Обама испраќа сенатори во посета на Египет

Сенаторите Џон Мекејн(десно) и Линдзи Греам(лево).

Американскиот претседател Барак Обама побара од угледните републикански сенатори Џон Мекејн и Линдзи Греам да отпатуваат во Египет и да се сретнат со актуелните лидери на опозицијата. Греам вчера потврди дека тој и Мекејн, и двајцата членови на сенатската комисија за вооружените сили, ќе патуваат во Египет наредната недела. „Сакаме да испратиме порака дека затворањето на опозиционерите сè повеќе наликува на државен удар“, рече Греам. Во Египет е многу тензично откако армијата го собори претседателот Мохамед Морси на почетокот на месецов. Во судирите меѓу поддржувачите на Морси и владините сили има десетици загинати. Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон вчера ја заврши посетата на Египет, откако се сретна со Морси, кој е во притвор на непозната локација.