Пентагон - авганистанската армија е сè посилна

Пентагон соопшти дека авганистанската армија станува сè посилна, но оти ќе треба значителна финансиска помош и дополнителна обука откако меѓународните сили ќе се повлечат од земјата во 2014 година. Во шестмесечниот извештај до американскиот Конгрес, Министерството за одбрана наведува дека талибанците сега се помалку способни и помалку популарни и оти контролираат помала територија отколку во 2011 година. Сепак, Пентагон предупредува дека талибанците остануваат флексибилни и оти имаа влијание во неколку клучни рурални области, вклучувајќи и области во околината на главниот град, Кабул. Во извештајот се повторуваат долгогодишните обвинувања на Вашингтон дека Пакистан им овозможува „повремена помош“ на бунтовниците против меѓународните сили во Авганистан. Пакистан ги негира тие обвинувања.