Затвор и камшикување за саудиски уредник

Уредникот на саудиската социјална мрежа „Слободни саудиски либерали“, Раиф Бадави, е осуден на седум години затвор и 600 удари со камшик поради кршење на исламските вредности.

Весникот „Ал-Ватан“ објави дека Бадави избегнал смртна казна кога судијата ги отфрлил обвинувањата за одметништво од верата, но не пишува кога била изречена пресудата. Сајтот на Бадави ги повикал Саудијците да ги споделат нивните размислувања за религијата во нивната земја. Осудениот беше во притвор од јуни минатата година под обвинение за сајбер криминал и за непочитување на неговиот татко. Судот исто така наредил затворање на сајтот на Бадави.

Портпаролката на американскиот Стејд департмент Џен Псаки изјави дека САД се „длабоко загрижени“ поради пресудата.