Олимписката штафета предадена на Бразил

Британскиот амбасадор во Обединетите нации МаркГрант, чија земја минатата година ги организираше Олимписките игри во Лондон, му ја предаде Олимписката штафета на Луиз Алберт Фигуеиред Мачад постојан претставник на Бразил во ОН, земјата која ќе биде домаќин на Олимпијадата во 2016 година. На свеченото примо-предавање во Њујорк присуствуваше и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, како и голем број дипломати. Во обраќањето пред присутните Бан изрази уверување дека Бразил ќе биде успешен домаќин на следната Олимпијада, додавајќи дека организацијата на оваа спортска манифестација дополнително ќе го поттикне економскиот развој на земјата.