Почина Гери Дејвис, првиот „граѓанин на светот“

Гери Дејвис

Гери Дејвис, мировен активист кој се откажа од американското државјанство во почетокот на Студената војна и формира влада на самонаречени„светски граѓани“ почина на 92 годишна возраст во Вермонт. Дејвис беше актер во Бродвеј, а за веме на Втората светска војна леташе на бомбардери од типот Б17. Тој во 1948 година влезе во американската амбасада во Париз каде што се откажа од американското државјaнство и се декларира за граѓанин на светот. Веднаш потоа тој побара Обединетите нации да станат единствена светска влада, идеја што ја поддржуваа и Алберт Анштајн, Албер Ками и Алберт Швајцер.