ММФ оддели 1,72 милијарди евра за Грција

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека ќе деблокира нова транша од помошта за Грција во износ од 1,72 ,милијарди евра. Тоа е петтата транша за Атина, и со неа сумата одделена од ММФ за Грција изнесува 8,24 милијарди евра. Средствата се дел од спасувачкиот план за Грција, одобрен пред една година.