Најмалку 8 војници загинаа во Тунис

Туниската државна телевизија јавува дека најмалку 8 војници загинале при теростички напад близу границата со Алжир. Телевизијата јавува дека војниците синоќа биле нападнати во заседа. Властите соопштија дека исламистичка група која што ги нападнала е дел Ал Каеда.
Ситуацијата во Тунис е напната откако минатата неделага беше убиен еден од левичарските политичари, што претставува второ убиство на политичар во земјата за помалку од 6 месеци. Опозицијата бара од владата да поднесе оставка, но вчера премиерот го отфрли барањето и повика на оддржавање на редовни избори.