Првични информации за новиот ирански владин состав

Иранските медиуми објавија листа со 33 имиња на владини фукнкционери кои ќе бидат членови на новиот владин состав на чело со новоизбраниот претседател Хасан Рохани. Официјализирањето на новиот владин состав се очекува во текот на неделава. Рохани го номинирал поранешниот министер за одбрана Мухамед Фороузадех за нов шеф на националниот безбедносен совет. Тој воедно може и да застане на чело на преговарачкиот тим за нуклеарната програма на Исламската република. Поранешниот ирански амбасадор во Обединетите нации Мохамед Зариф е номиниран за министер за надворешни работи, додека екс-министерот за нафта Бијан Занганех е предложен да се врати на старата функција.