Ештон во Египет на средби со државниот врв

Шефицата за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон во Каиро се сретна со шефот на армијата на Египет Абдел Фатех ал Сиси, човекот кој стои зад отстранувањето од власт на првиот демократски избран претседател Мухамед Морси. Ештон оствари средби и со министерот за надворешни работи Набил Фахми и потпретседателот Мухамед ел Барадеи. Египетското Муслиманско братство соопшти дека предвидено е средба на шефицата за надворешна политика на Унијата со претставници на партијата. За сега нема детали од разговорите кои се случуваат по убивањето на 70 демонстранти во Каиро викендов.