Вонредна владина седница поради протестите во Тунис

Владата во Тунис свика итна седница на која се разговарало за протестите со кои се бара распуштање на составот. За сега нема информации за дискусиите и заклучоците од состанокот кој се одржа по протестите на околу 25,000 провладини и антивладини демонстранти кои се собраа пред парламентот во неделата вечер. Во саботата полицијата употреби солзавец за растурање на протестите кои настанаа по погребот на убиениот опозиционер Мухамед Брахми.