Лојалистите на сиријскиот претседател го освоиле Хомс

Сиријските државни медиуми јавуваат дека лојалистите на претседателот Башар ал Асад освоиле дел од градот Хомс кој бил под контрола на бунтовниците. Според медиумските извештаи, планот за освојување на дел од третиот по големина град во земјата бил создаден пред еден месец и во акцијата учествувале вооружени трупи од либанската организација Хизбалах. Сиријската обсерваторија за човекови права базирана во Англија ги демантираше медиумските извештаи, соопштувајки дека се уште траат судирите во населеното место.