Тропски горештини на Балканот

Тропски жештини и денеска го зафатија Западен Балкан каде температурите во повеќето градови ќе надминат 40 степени Целзиусови.
Во долината на Морача и Зета во Црна Гора метеоролозите најавуваат до 42 степени.
Во, Македонија, БиХ и Хрватска се очекуваат дневни температури до 40 степени, а заладување, според прогнозите се очекува во вторник во вечерните часови, кога ќе почне да дува северен ветер, што би можело да ги спушти тепмературите за неколку степени.