Најмалку 36 загинати во автобуска несреќа во Италија

Архивска фотографија: Италијански спасувачи во акција во 2009 година.

Спасувачите соопштија дека пронашле 36 тела на загинати од автобуската несреќа во јужна Италија. До несреќата, во близина на селото Авелино, 160 километри јужно од Рим, дошло кога возачот веројатно изгубил контрола на возилото, при што автобусот излетал од патот и паднал во провалија длабока 15 метри. Автобусот претходно удрил неколку автомобили. Меѓу загинатите е и возачот. Италијанските медиуми синоќа објавија дека биле извлечени најмалку 11 преживеани. Во автобусот кој се движел кон Неапол имало околу 50 патници, кои се враќале од посета на католичко верско светилиште во регионот Кампанија.