Машиновозачот од Шпанија обвинет за 79 убиства од небрежност

Машиновозачот Франциско Гарзон по несреќата.

Машиновозачот на возот што излета од шините во Шпанија е обвинет за 79 убиства од небрежност, колку што патници загинаа во железничката несреќа во четвртокот. Машиновозачот Франциско Гарзон вчера беше пуштен да се брани од слобода откако беше испрашан од страна на судија и откако се обврза редовно да се пријавува во судот и да го предаде својот пасош. Гарзон изјави дека возел пребрзо кога влегол во свиокот, но оти не можел да закочи. Возот се движел со двојно поголема брзина од дозволената и на кривината излетал од шините предизвикувајќи ја најстрашната железничка несреќа во Шпанија во изминатите 70 години.