Над 50 повредени во судир на два воза во Казахстан

Илустрација: Железничка станица во Казахстан.

Најмалку 50 луѓе се повредени синоќа во судир на два воза на железничка станица во најголемиот град во Казахстан, Алмати, соопштија локалните власти. До несреќата дошло кога еден празен патнички воз бил пренасочен на колосек на кој пристигнувал друг патнички воз. Повеќето од повредените поминале со полесни повреди, но петмина се хоспитализирани. Првичните информации говорат дека до несреќата дошло поради грешка на диспечерот.