Мексикански вице адмирал убиен во област на нарко картелите

Специјалци од Мексико.

Еден од највисоко рангираните морнарички офицери во Мексико, вице адмиралот Карлос Салазар, вчера бил убиен во заседа во областа Мичоакан, позната по насилствата поврзани со нелегалната трговија со дрога. Илјадници федерални сили минатата недела се распоредија во Мичоакан, откако нарко картелот Витези Темплари почна напади врз полициските конвои при што беа убиени најмалку четворица полицајци, а петмина беа ранети.