Закрепнува сопругата на американскиот државен секретар Џон Кери

Тереза Хајнц Кери и Џон Кери.

Сопругата на американскиот државен секретар Џон Кери, Тереза Хајнц Кери, вчера беше отпуштена од болницата во Бостон каде што се лекуваше три недели откако имаше напад. Лекарите очекуваат целосно закрепнување. Не е утврдена причината за нападот, но докторите исклучиле тумор на мозокот, срцев и мозочен удар.