Србија избегна банкрот

Српското Министерство за финансии и стопанство на својата интернет страница го објави извештајот за првата година работа во Владата на Србија, во кој се наведува дека во земјата е избегнат банкрот, дека се стабилизирани јавните финансии и подмирени заостанатите долгови од претходната влада во износ од 30 милијарди динари.

Се истакнува дека е воведена нулта толеранција на неплаќање данок и дисциплина во подмирувањето парични обврски, а државата своите обврски ги плаќа во рок од 45 дена и без исклучок ги казнува сите државни институции.

На предлог на Министерството за финансии усвоени се 67 закони, што е повеќе од третина од сите закони кои парламентот ги усвоил во изминатата година.