Бројот на жртви од вчерашните напади во Пакистан достигна 53

Властите во северозападниот дел на Пакистан соопштија дека бројот на жртвите од вчерашните двојни бомбашки напади се искачи на најмалку 53, а повеќе од 180 се повредени. Експлозиите се случија на ноќен пазар во Парачинар, главниот град на племенската област Курам, на пакистанско-авганистанската граница. Двете експлозии се случиле во време кога луѓето пазарувале храна за своите вечерни оброци. Пакистанските власти соопштија дека нападите биле извршени од страна на бомбаши-самоубијци на мотоцикли.