САД нема да бараат смртна казна за Едвард Сноуден

барањето за привремен азил на 29 годишниот хакер кој е заглавен во транзитната зона на московскиот аеродром

Американскиот јавен обвинител Ерик Холдер го уверувал рускиот министер за правда дека Соединетите американски држави нема да бараат смртна казна за екс-соработникот на американските тајни служби Едвард Сноуден. Холдер исто така рекол дека Сноуден нема да биде измачуван и ќе ги добие сите гаранции за својата безбедност како американски државјанин. Американецот престојува на аеродромот во Москва веќе еден месец по пристигнување од Хонг Конг и е обвинет за шпионажа и откривање доверливи документи. Сноуден е заглавен поради поништен пасош и бара привремен азил во Русија, откако откри детали за американските програми за следење на меѓународни комуникации.