Кратење на незагарантирани депозити во „Банката на Кипар“

Меѓународните кредитори се согласија незагарантираните депозити во „Банката на Кипар“ да бидат намалени за 45 проценти, јавија кипарските медиуми. Се очекува во текот на денот ваквата одлука и официјално да ја соопшти Министерството за финансии на Кипар. Намалувањето е во согласност со резултатите од независната контрола на активите на „Банката на Кипар“ по префрлањето на „добрите“ активи од „Кипарската народна банка“, која е во процес на ликвидација. Претставници на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд од 17 јули испитуваат дали Кипар ги исполнил условите за доделување на кредит од 10 милијарди евра.