Протести во Тунис по убиството на опозициски лидер

Сите летови се откажани а банките и продавниците во Тунис се затвотени во услови на протести по атентатот на опозициски лидер. Секуларните опозициски партии повикаа на улични маршови во знак на незадоволство од убиството на Мухамед Брахми. Со протестите дополнително се бара распуштање на владата на исламистичката партија Енахда. Првите протести се организираа по убиството на опозиционерот во четвртокот.