Вашингтон ја продолжува воената помош за Египет

Вилијам Бeрнс

Високиот претставник на Стејт департментот Вилијам Бeрнс на вчерашниот состанок со американскиот Конгрес изјавил дека администрацијата на Барак Обама не планира соборувањето на режимот во Египет да го прогласи за државен удар. Тоа на Вашингтон му овозможува да ја продолжи воената помош на таа земја која годишно изнесува над милијарда ипол долари. До овој состанок дојде откако претходно Соединетите држави ја одложија испораката на четири борбени авиони од типот Ф16 на Египет. Египетската војска во почетокот на месецов го собори од власт претседателот Мохамед Морси кој заедно со други членови на Муслиманското братство се уапсени.