Бомбашки напад во Ирак, најмалку 16 загинати

Најмалку 16 луѓе биле убиени, а 20 други ранети во експлозија на бомба што синоќа се случила во ирачкиот град Макдади, околку 90 километри северно од Багдад. Ирачката полиција потврди дека експлозијата се случила во една кафеана во градот. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.