Состојбата во Сирија е очајна, тврди опозицијата

Шефот на сириската опозиција, Ахмед ал-Џарба,денеска во Њујорк ќе се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации. Тој претходно на средбата со американскиот државен секретар Џон Кери му кажал дека состојбата во Сирија е „очајна“ и побарал САД брзо да ги вооружи бунтовниците. Во соопштението издадено по средбата со Кери во Њујорк, се наведува дека ал-Џарба исто така побарал Вашингтон да изврши посилен притисок за политички договор во Сирија. Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во меѓувреме соопшти дека во повеќе од двегодишниот конфликт меѓу силите на претседателот Башар ал-Асад и бунтовниците загинале повеќе од 100 илјади луѓе. Американскиот претседател Барак Обама кој ги повлече американските војници од Ирак и го окончува американското воено присуство во Авганистан, не сака да се вклучи во конфликтот во Сирија.