Димовски: Владата е надлежна за условниот увоз

Одлуката за воведување на мерката за условен увоз на пченица и брашно ќе биде укината кога ќе процени Владата, односно Министерството за земјоделството, изјави министерот за земјоделство Љупчо Димовски на седница за пратенички прашања. ЦЕФТА претходно порача во разумен рок да се реши проблемот на билатерална основа или за месец ипол да се укине спорната мерка за увоз на пченица и брашно.