Груевски: Немаме соговорник за името

Премиерот Никола Груевски денеска одговарајќи на пратеничкко прашање во Собранието го повтори ставот во однос на прашањето за разликите за името со Грција и посочи дека во моментов е проблем да се седне и вистински да се разговара со грчката страна. „Така што главниот проблем е воопшто да се воспостави дијалог за ова прашање“ рече премиерот и додаде: „ Нашиот став е дека сакаме да се надмине овој проблем и дека тој е напишан во нашата програма за изборите“.