Железничка несреќа во Шпанија- над 70 загинати

77 лица загинале, а повеќе од 130 биле повредени откако брз воз излетал од шините во северозападна Шпанија, соопшти Алберто Феијо, претседател на регионалната влада на Галиција.
Државната телевизија објави фотографии на кои се гледаат 4 превртени вагони и еден запален од кој се издига чад.
Несреќата се случила недалеку од станицата во Сантјаго де Компостела, околу 95 километри јужно од Ел Ферол. Возот сообраќал од Мадрид до Ел Ферол.
Според властите, излетувањето на возот од шините најверојатно е несреќен случај, а не резултат на терористички напад.