САД бараат од Русија објаснување за Сноуден

Американскиот Стејт департмент побара објаснување од Москва за извештаите дека пребеганиот поранешен соработник на американската разузнавачка служба Едвард Сноуден добил документи од Русија кои му овозможуваат да го напушти московскиот аеродром, каде што се наоѓа повеќе од еден месец.
Портпаролката Џен Псаки изјави дека Државниот секретар Џон Кери вчера телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за случајот Сноуден.
Псаки истакна дека секој потег што ќе му овозможи на Сноуден да го напушти аеродромот би бил длабоко разочарувачки.