САД: продолжува собирањето на телефонските записи

Претставничкиот Дом на американскиот Конгрес гласаше за продолжување на собирањето на стотици милиони телефонски записи на Американците, како дел од борбата против тероризмот. Со исходот од гласањето 217:205, законодавците ги отфрлија мерките со кои би завршиле овластувањата на програмата за надзор. Вчерашното гласање беше прва можност за законодавците да се изјаснат за тајната програма за контрола, откако поранешниот соработник на Националната безбедносна агенција Едвард Сноуден објави доверливи документи.