Денеска ќе биде познат составот на новата албанска влада

Лидерот на албанските социјалисти и нов премиер на Албанија Еди Рама преку социјалната мрежа Твитер најави дека попладнево ќе го соопшти составот на неговата влада. Социјалстите на Рама заедно со нивниот главен партнер, Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) на Илир Мета, беа дел од изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија, која победи на парламентарните избори оджрани на 23 јуни. Рама претходно најави дека за разлика од досега, во иднина пратеник не ќе може во исто време да биде и министер. По победата на изборите коалициските парнери првпат формираа и заедничка работна група, која ја подготви владината програма.