Сивата економија во Грција и натаму огромна

Во финансиска проверка во туристичките реони на Грција од 16 до 22 јули, властите регистрирале голем број неправилности и затајување данок, објави весникот „Етнос“. Службата за борба против финансискиот криминал објави дека извршила 838 проверки во хотели, барови, ресторани и кафулиња. Притоа 409 сопственици на угостителски објекти се казнети за затајување данок. Борбата против даночните измами е централен елемент во планот за спас на Грција со надворешните кредитори од ЕУ и ММФ. Грчкиот Парламент разгледува закон за нов даночен кодекс, што предвидува заплена на имоти на затајувачите на данок.