Во Мексико 22 убиени во пресметки на полицијата со вооружени банди

Мексиканските власти соопштија дека 22 лица биле убиени во пресметките меѓу полицијата и вооружени банди во шест градови во државата Мичоакан, во југозападниот дел на Мексико. Оваа држава е под контрола на нарко картели и кои честопати се пресметуваат и меѓу себе и со полицијата. Според проценките, во оваа своевидна војна во изминативе седум години загинале над 70 илјади луѓе.